Реализирани активности, проекти, пракси и освоени награди во учебната 2019/20

СЕПТЕМВРИ 2019

01.09 “Practice and project based learning” е Еразмус проект кој САБА ќе го реализира во текот на учебната 2019/20 година. Со овој проект 16 ученици од САБА во текот на ноември и декември 2019 ќе да одат на двонеделна пракса во компании во Лајпциг, Германија и Барселона, Шпанија. Учениците на оваа пракса ќе имаат можност да видат како информатичката технологија се применува во автомобилската индустрија.

01-06.09 Климентина, Сани, Бени и Омар од САБА Скопје беа на еднонеделен тренинг во Унгарија, во рамките на Еразмус проектот “You & Me”. Учесници од Македонија, Италија, Шпанија, Литванија, Романија, Хрватска, Полска и Србија има можност преку овој тренинг да ги подобрат нивните вештини за решавање на конфликти и да ја зголемат свесност за тоа како младите може да помогнат за решавање на проблемите во општеството.

06.09 Потпишан Меморандум за соработка помеѓу САБА Битола и Техничкиот факултет од Битола. Учениците од насока информатика од САБА Битола ќе реализираат практични вежби на факултетот.

    

06.09 Учество на САБА Битола на Bitola Mini Maker Faire.

10.09 Факултетот ФЕИТ и САБА потпишаа Меморандум за образовна соработка. Учениците од САБА, насока информатика, ќе реализираат практични проекти во лабараториите на факултетот.

10.09 “Don’t be bully, be friend fully” е Еразмус проект преку кој 36 професори од средни училишта од Турција, Бугарија, Словенија и САБА од Македонија од октомври 2019 до октомври 2021 преку обуки и размена на искуства ќе работат на пронаоѓање на нови методи за намалување и спречување на булингот меѓу младите во училиштата. Проектот е поддржан од Еразмус програмата и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

11.09 Ученици од САБА Битола го презентираа својот стартап проект пред многубројна публика, каде беа презентирани 5-те најдобри идеи генерирани преку проектот “Тех-стартап училиште”.

   

11.09 Во Владата на РМ беа доделени договорите за наградената иновација на САБА “Подобрување на ефикасноста на соларни панели” од Фондот за иновации и технолошки развој.

12.09 Ученичката Дејана од САБА Штип го претстави училиштето САБА на Меѓународната конференција „Добри практики за регионален развој во Источен регион“. Конференцијата ја организираше Центарот за развој на Источен плански регион, во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“.

20-21.09 Ученици од насоката Бизнис од САБА Скопје беа на дводневна обука за подобрување на капацитетите на малите и средни претпријатија за иновации, маркетинг, истражување и развој. Целта на обуката беше да се поттикне претприемништвото и развојот на мали бизниси преку иновации.

20.09 САБА Битола на јубилејно издание на филмскиот фестивал Браќа Манаки.

21.09 Ученичките од САБА Скопје Дијана, Мартина, Есма и Матеја заедно со професорката Христина и нивниот проект “Дружење без граници” се едни од десетте финалисти за наградата за најдобар проект од областа на социјалното претприемништво Social impact award

25.09 Ученикот Никола од САБА Штип учествуваше во проектот “1,2,3 Ecology system, please” во Сеута, Шпанија, организиран од младинската организација “Youth on Board”.

27.09 Ученици од САБА Битола ја посетија компанијата  KAMAI MEDIA.

 

ОКТОМВРИ 2019

01.10 Од Октомври 2019 до октомври 2021 САБА ќе биде дел од Еразмус проектот „Maker Education” во кој ќе учествуваат 144 ученици и 72 професори од 6 европски држави: Романија, Македонија, Португалија, Турција, Италија и Полска. Во овој проект ќе бидат вклучени 20 ученици и 10 професори од училиштето САБА. Целта на проектот е преку автоматизација, роботика, Лего, 3Д принтање, ИоТ професорите и учениците да учат преку создавање и преку обуки и размена на искуства да се креираат нови пристапи и методи за креативно и практично учење.

04.10 Од октомври 2019 САБА започна да го реализира проектот “The journey of learning maths and technology”. Преку овој Еразмус проект 19 професори и 10 ученици од училиштата САБА ќе имаат можност да развијат нови креативни методи, алатки и софтвери за изучување на математика и технологија, преку обуки и размена на искуства со средни училишта од 5 Европски држави: Турција, Литванија, Полска, Бугарија и Македонија. Проектот ќе се реализира во текот на 2019, 2020 и 2021 година и е поддржан од Еразмус + програмата и Национална агенција за европски образовни програми и мобилност.

04.10 Учениците од прва година од САБА Штип беа во посета на спомен собата на Киро Глигоров во Штип.

05.10 Во рамките на Бела ноќ 2019 ученици од САБА учествуваа на работилница во Археолошкиот музеј каде ја покажаа својата креативност преку изработка на мозаици поврзани со културното наследство на нашата држава.

07.10 Ученици од четврта година, САБА Скопје, насока Бизнис, ја посетија компанијата Би-МЕК, медицинска и биотехнолошка компанија, каде се запознаа до компанијата, маркетинг активностите кои ги користи, односите со јавност, учества на конференции и нивната општествено одговорната работа.

     

08.10 Бизнисот на тимот на САБА Скопје и нивниот центар „Дружење без граници“ победи на овогодинешниот натпревар „Social impact award“ и ја освои наградата „Comunity voting“ со што беше препознат како успешен бизнис од областа на социјалното претприемништво. Тимот на САБА доби награда од Фонд за иновации и технолошки развој- ваучер за посета на настан во странство каде ќе имаат можност својата идеа да ја претстават и надвор од нашата држава.

09.10 Ученици од САБА Штип заедно со млади Латвија, Кипар, Франција, Италија и Романија учествуваа во проектот “Net Art For Tolerance” чија цел беше да организираат работилници за борба против дискриминацијата на младите.

14.10 САБА Битола организираше двонеделен бесплатен курс по Графички дизајн за деветтоодделенци од Битола.

16.10 Училиштето САБА доби Повелба за стручно образование и обука за 2019 година (VET Mobility charter) од Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност, за успешно реализиње на Еразмус проекти во текот на изминатите 5 години.

16.10 Групата ученици кои го изучуваат италијанскиот јазик во САБА Скопје учествуваа на подвижна работилница во рамки на Џифони фестивалот за млади. Темата на работилницата беше “Животот на социјалните мрежи-опасностите и ризиците кои произлегуваат од неконтролираното или непромисленото користење на социјалните мрежи”

21-27.10 Вики и Ана, ученички од САБА Штип, учествуваа на тренинг курс во Зебрзидовице, Полска на тема “Fake News VS Youth Work” организиран од младинската организација “Youth on Board”. Заедно со млади од Украина, Бугарија, Полска, Грузија, Грција, Арменија и Португалија учеа за алатките и начините за спречување на ширење на лажните вести и нивното влијание во реалниот свет.

21-29.10 Учениците од САБА Штип Даниел, Марија и Ивона, заедно со млади од Романија, Чешка, Словачка, Унгарија и Полска учествуваа на проектот “Демократијата во ЕУ и пошироко” кој се одржа во Србија.

23.10 Ученички од САБА Битола учествуваа на настанот „И од Битола се може(и)” во органзација на PREDA Plus Foundation каде беа претставени инспиративни животни приказни и успешни кариери на битолчанки.

24.10 Од 5-ти до 20-ти октомври во сите држави низ Европа се одржуваше Europe Code Week. EU Code Week е движење кое има за цел да ги поттикне креативноста, програмирањето и технологијата кај младите луѓе. Училиштето САБА се вклучи со своите ученици од насоката информатика преку активности како програмирање на роботска рака, програмирање на систем за детекција на гасови, програмирање на систем за соларни панели и други проекти и активности поврзани со технологијата.

28.10 Учениците од САБА Битола имаа едукативно предавање со Јулијана од ЗЛАТНО ПЕРО на тема “Банките за храна против гладта и сиромаштијата”.

30.10 Училиштето САБА потпиша Меморандум за соработка со една од најголемите ИТ компании Asseco SEE, специјализирана за софтверски системи. Ученици од САБА Скопје ќе имаат можност преку пракса да учат од најголемите експерти во ИТ индустријата.

 

НОЕМВРИ 2019

01.11 “The School Business Alliance for the Digital Economy” е уште еден проект кој САБА ќе го реализира од ноември 2019 до ноември 2021. Целта на проектот е на едно место да се собере конзорциум на училишта со стопански комори поддржани од експерти од Турција, Словенија, Mакедонија, Бугарија, Шпанија и Велика Британија. Проектот има за цел да им помогне на училиштата да развијат одржливи и систематски партнерства со деловните субјекти, социјалните претпријатија и невладините oрганизации.

01.11 Ученици од САБА Битола учествуваа на Саем на Книга во Битола

02.11 Ученици од насока бизнис, САБА Скопје, присуствуваа на одбележувањето на Светскиот ден на штедењето кое го организираше Македонска банкарска асоцијација. Таму се стекнаа со знаење за осигурување на депозити и можности за штедење кај младите.

04.11 Ученици од правна насока САБА Битола практичната настава ја реализираа во Основниот суд во Битола на судење како дел од јавноста во судскиот процес.

04-08.11 Есма, Ива, Ева, Климентина, Никола, Бени, Елена и Кристијан од САБА Скопје оваа недела учествуваа во проектот “The road to understanding” каде заедно со млади од Хрватска, Бугарија, Турција и Грција работеа на теми поврзани со состојбата со мигрантите во своите земји. Проектот го реализираше Фондација “Никола Кљусев”.

04-08.11 Образованието во САБА продолжува и надвор од училиштето. Само во текот на оваа недела ученици од САБА беа на практична настава во Винер Осигурување, Централен регистар на Р. М., ВЕРО Центар, Адвокат Бојана Димковска Најдовска, Seavus Education & Development Center, ИТ компанија Polar Cape,  Агенција за млади и спорт, ИТ компанија MCA, Агенција за истражување на јавно мислење Рејтинг, Градежна компанија Zikol.

   

05-06.11 Во текот на овие два дена во САБА Скопје се одржа состанок на партнерите од Еразмус проектот “Учење преку создавање”. Професори од Романија, Италија, Турција, Полска и Португалија разменија искуства за нови креативни начини на учење со примена на информатиката и технологијата.

06.11 Ученикот Кристијан од САБА Битола постигна одлични резултати на овогодинешниот светски шампионат за латино и синхрони танци во Сараево.

06.11 Правници и економисти од трета година САБА Скопје беа на практична настава во Централен регистар на Р. М.  Каде научија како се регистрира фирма? Кои се обврските на една компанија? Што е биланс на состојба, биланс на успех, завршна сметка?

06.11 Учениците од трета година, насока информатика од САБА Скопје беа во IT компанијата “MCA-Software Company” која работи на комплексни софтверски системи за различни земји во Европа. Таму имаа прекрасна презентација и дискусија за софтверските системи кои се користат во светот.

07.11 Учениците од насока бизнис од САБА Скопје започнаа пракса во компанијата Винер осигурување.

08.11 Учениците од насока информатика од САБА Скопје беа во POLAR CAPE, ИТ компанија од Шведска каде дискутираа за технологиите на денешницата и иднината.

09.11 Учениците од насока информатика од САБА Скопје беа во најголемата ИТ компанија кај нас – SEAVUS, каде се запознаа со дивизиите, технологиите Java, C#, JavaScript, Python, FrontEnd, FullStack, DevOps…

     

12.11 Одржана првата тркалезна маса од Еразмус плус проектот “DIVE 3: Zero to One > 1 to N” на која учество имаа претставници од Гимназија „Јосип Броз Тито“, Фонд за иновации и технолошки развој, САБА – Приватно средно училиште, Social Impact Award, СУГС “Кочо Рацин”. На настанот имаше презентација на препораки и план за тоа како можеме да имаме посилен еко-систем за развој на социјалното претприемништво.

12.11 Ученици од трета година, САБА Скопје, ја посетија компанијата ВЕРО каде се запознаа со генералниот директор Лукас Бисиас. Тој им објасни која е целта и концептот на Веро маркетите. Менаџерите за продажба и маркетинг им ги презентираа на учениците начините на кои се рекламираат, а претставници од ИТ секторот зборуваа за техничката поддршка во сите Веро маркети.

14.11 Три ученички од САБА Битола беа дел од проектот за социјална економија – нов тренд во развојот на светската економија.

14.11 Учениците од САБА Битола имаа обука за вештини кои водат до успех организирана од центарот за менаџмент, образование и обука Мотива.

15.11 САБА Битола во посета на канцелариите на СН Осигурителен брокер АД Битола. Учениците се запознаа со раководството и секторите во СН Осигурителен брокер, IT Сектор, Сектор за финансии, СН Сообраќаен центар, СН Финансиско друштво, СН Технички преглед, СН Центар за моторни возила и СН бар и ресторан.

16.11 На покана од Филолошкиот факултет и проф. Д-р Кристина Николовска, ученици од четврта година, заедно со професорката по Македонски јазик од САБА Скопје беа дел од чествувањето на великанот Гане Тодоровски.

17.11-02.12 8 ученици од училиштата САБА Скопје, Битола и Штип имаа двонеделна пракса во Лајпциг, Германија каде работеа во компании од автомобилската индустрија, а ги посетија и фабриките на светките компании BMW и Porsche.

 

20.11 Започна втората група од бесплатниот двонеделен курс по Графички дизајн наменет за ученици од 9-то одделение од училиштата од САБА Битола.

22.11 Започна да се реализира практичната настава за учениците од информатичката насока од САБА Битола на Технички факултет Битола, под менторство на проф. д-р Роберто Пашиќ.

25-29.11 Четири ученици и двајца професори од САБА оваа недела беа во Романија како дел од Еразмус проектот “Maker education”.

 27.11 Учениците од правната насока од САБА Скопје, беа во новиот и модернизиран „Еurope House“ каде имаа можност да се сретнат со амбасадорот Самуел Жбогар и да се стекнат со нови знаења.

27.11-05.12 Ученичкaта Ана од САБА Штип беше дел од проектот “Citizenship” која се одржа во Штип. Заедно со 32 учесници од Романија, Турција, Грција, Полска, Шпанија и Македонија, преку дебати учеа за граѓанство, гласање и гласачки процес. Целта на овој проект беше да се информираат младите за нивните можности во Европското општество.

28.11 Учениците од четврта година од САБА Скопје беа дел од интерактивна панел дискусија со жените од бизнис секторот во Македонија. Учениците имаа можност да слушнат неколку приказни од жени менаџерки на успешни компании во Македонија.

30.11 Ученичката од САБА Битола Елена Петковска освои трето место на натпреварот по математика.

 

ДЕКЕМВРИ 2019

01-16.12 8 ученици од училиштата САБА Скопје, Битола, Штип и Куманово започнаа двонеделна пракса во Барселона, Шпанија. Таму работе во компании од областа на автомобилската индустрија, а ја посетија и фабриката Seat.

 

02.12 Ученици од САБА Битола учествуваа на настанот “Членството во НАТО како гаранција за сигурна иднина на младите” на кој говореше Проректорот на Правен факултет – Битола вон. проф. д-р Марјан Ѓуровски. Целта на настанот беше да се поттикне аргументирана дебата за придобивките од евроатлантските интеграции и зачленувањето на Република Северна Македонија во НАТО.

03-07.12 Ученичките Матеја, Мартина, Дијана и Есма со професорката Христина оваа недела беа во Киев, Украина каде што се одржуваше Самит на победниците на Social impact award 2019. Со проектот “Дружење без граници” учениците победија на натпреварот за социјално претприемништво во октомври во Скопје.

04.12 Учениците од САБА Битола учествуваа на Саем за волонтеризам 2019 година Битола

06.12 Денес се одржа финалето на литературниот натпревар на тема ”Човекот е господар на зборовите кои не ги изустил, а роб на оние кои му излетале низ уста” наменет за ученици од основните училишта од Битола и околината, во организација на САБА Битола.

 

09-13.12 Четворица професори од САБА беа на конференција во Бирмингем, Англија. Конференцијата е почеток на проектот “School Business Alliance for the Digital Economy” кој е стратешко партнерство помеѓу образовни институции и стопански комори од Македонија, Словенија, Англија, Шпанија, Турција и Бугарија.

   

12.12 Учениците од САБА Битола имаа прекрасно дружење со инспиративната Љубица Ангелкова и запознавање со клубот INNOTECHCLUB.

13.12 Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Општина Битола организираа мини саем на кој беа презентирани резултатите од наградените истражувачки проекти од јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи“. Целта на овој настан е промоција на проектите, како и подигнување на свеста кај младите за заштита на животната средина. Учениците од САБА го презентираа својот награден проект “Систем за детекција на штетни гасови во затворени простории”

24.12 Координаторот на училиштето САБА учествуваше на тркалезна маса во рамките на мрежата Евридика која се одржа во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. На панел дискусијата претставници од повеќе институции/организации дадоа свое согледување на состојбите со интернационализацијата и мобилноста во образованието.

24.12 Новогодишен хуманитарен настан на САБА Битола во Центарот за култура во Битола. Уметнички текстови напишани од учениците, рецитали, танцови точки, комични анегдоти и љубовна приказна преточена на филмско платно.

 

26.12 Хуманитарен настан на САБА Скопје во Музеј на ВМРО. Прекрасен завршен настан на уште една успешна година за САБА. Многу проекти, награди, истражувања, пракси во Европа…. Многубројната публика имаше можност да види дека навистина има со што да се пофалиме и гордееме. Учениците од САБА Скопје ги претставија сите нивни успеси, награди, таленти, иновативни и меѓународни проекти, како и музички точки, танцување, рецитал, хуманитарен базар.

26.12 На наградниот конкурс за најдобар стрип на тема „Помалку храна на депонија, а повеќе по домовите“, во силна конкуренција, нашите ученици освоиле две награди. Во категоријата предвидена за средношколци, Давор Миновски освоил втора награда, а Бисера Џесика Харди, трета.

30.12 Хуманитарната акција со средствата собрани од новогодишниот настан заврши со донирање на храна и средства за хигиена на две социјално загрозени семејства од Скопје. Пресреќни беа и тие, а и ние што успеавме барем малку да им ги разубавиме празниците.

Јануари 2020

11-19.01 Ана, Марија, Даниел и Љубица, ученици од САБА Штип учествуваа во проектот ,,Democracy in EU and beyond” кој се одржа во Романија. Заедно со 36 учесници од Македонија, Романија, Србија, Унгарија, Полска и Чешка имаа работилници во кои креираа министерства и парламент, а преку тоа учеа повеќе за демократијата.

20.01-26.01 Пет професори од САБА Скопје и Битола од 20-ти до 25-ти јануари беа во Тарсус, Турција на мобилност во рамките на проектот “The Journey of Learning from Data to Knowledge with Maths and Technology”. Целта на проектот е да се креираат нови иновативни алатки за изучување на математиката и технологијата.

24.01 Во Фондот за иновации и технолошки развој учениците Аце, Томи, Боше и Михајло од САБА Скопје ги претставија наградените ИТ проекти на САБА и зборуваа за ИТ технологиите кои ги применуваме за креирање на иновативни проекти.

 

ФЕВРУАРИ 2020

02.02 Учениците од САБА Битола Михаела и Кристијан го освоија петтото место на натпреварот Global Gamejam. Тоа е натпревар кој се одржува на светско ниво во 130 земји меѓу кои и Македонија. Михаела и Кристијан работеа како артисти и аниматори во програмата Procreate. Видео играта беше програмирана во Unity, 3D формат. Времето за работа беше ограничено на 48 часа, ден и ноќ, а натпреварот се одвиваше во просториите на ФИКТ.

10.02 Учениците од насока бизнис од САБА Штип ја посетија Регионалната стопанската комора на Македонија со седиште во Штип, каде се запознаа со секторите и работата на комората.

13.02 Учениците од САБА Битола ја посетија компанијата KARPA.

20.02 Тимот на САБА Скопје е награден како најдобар од комисијата од конкурсот „Биди медиумски активен/на“, организиран од Институтот за комуникациски студии и Делегацијата на Европската Унија. Тимот на САБА со медиумскиот партнер Радио Слободна Европа изработија медиумски производ, извештај на тема Булингот меѓу младите во Македонија.

24-28.02 Оваа недела САБА Скопје беше домаќин на 20 ученици и 8 професори од Португалија, Турција, Полска, Романија. Тие имаа еднонеделна обука на тема “Internet of Things”. Преку ИТ работилници со примена на најсовремени технологии, ученици и професори од 5 европски држави учеа за вештачка интелегенција, мрежи, микроконтролери, програмирање.

МАРТ 2020

05.03 Ученичката Михаела од САБА Битола освои второ место на конкурсот за најдобар есеј на тема ,,Ако љубов немам, ништо не сум. Љубов си ти” на натпреварот организиран во чест на Меѓународниот ден на жената.

27.03 Ученичката Станела од САБА Штип е финалист со есејот на тема “Половина на нас, половина на другите” на конкурсот во организација на Филолошкиот факултет на УГД “Гоце Делчев” Штип.