Реализирани активности, проекти и освоени награди во учебната 2018/19

ЈУНИ 2019

  • 09.06.2019 Награда за најиновативен проект на Предизвникот за млади истражувачи организиран од Фонд за иновации и технолошки развој. Тимот на 6 ученици и 2 професори од САБА Скопје ја освоија наградата со својот проект “Зголемување на ефикасноста на соларните панели”
  • 07.06.2019 Одобрен Еразмус проектот ”Project and practice based learning” преку кој 16 ученици од САБА ќе одат на двонеделна пракса во Лајпциг, Германија и Барселона, Шпанија во текот на ноември и декември 2019.
  • 05.06.2009 Ученици од насоката Бизнис од САБА Скопје ја посетија Охридска банка каде се запознаа со работата на банката, банкарските услуги и финансиската индустрија.

 

МАЈ 2019

  • 29.05.2019 Презентација на ИТ проектот на тимот ученици и професори од САБА Скопје “Подобрување на ефикасноста на соларните панели” во финалето на натпреварот “Предизвик за млади истражувачи” организиран од Фонд за иновации.
  • 23.05.2019 Боше, Бојана, Марија и Дијана, ученици од САБА Скопје учествуваа на Trash Fashion со своја креација изработена од рециклирана компјутерска и електронска опрема.
  • 23-25.05.2019 Шест ученици од САБА Битола учествуваа во проектот “Тех-стартап училиште” кој се одржуваше во Струга.
  • Од 20-ти до 27-ми мај Томи, ученик во САБА Скопје беше во Мурсија, Шпанија, каде заедно со млади од Италија, Шпанија, Грција, Литванија и Унгарија беше дел од проектот “Be the change”.
  • 20.05.2019 САБА Битола во посета на Технички факултет Битола и почеток на една заедничка образовна соработка.
  • 09.05.2019 Учениците од правен смер од САБА Битола учествуваа на активности за запознавање со техниките на работа со полиграф на Правниот факултет во Битола.
  • 04.05.2019 Ученици од САБА Скопје беа волонтери на Скопски маратон
  • 03.05.2019 Учениците од САБА Штип беа во посета на САБА Битола

АПРИЛ 2019

  • 26.04.2019 Дејана, Љубица, Анастасија и Филип, ученици во САБА Штип присуствуваа на презентирањето на програма за Овластен економски оператор во организација на регионалната стопанска комора.
  • 19.04.2019 Ученици од САБА Скопје го посетија Собранието на РМ
  • 19.04.2019 Андреј, ученик во САБА Скопје и кошаркар, ја освои титулата во натпреварот за шутирање тројки на светското училишнно кошаркарско првенство во Крит.
  • 15.04.2019 Започна да работи центарот за деца со посебни образовни потреби “Ајде да се дружиме” од основните училишта, кој е дел од проектот на тим од 10 ученици од САБА Скопје, идеја која победи на натпреварот “Вклучи се за промена” во организација на ЛЕАД и поддржан од Агенција за млади и спорт.
  • 10.04.2019 Учениците од САБА Битола учествуваа на настан на тема “Говор на омраза” во организација на Правниот факултет во Битола.
  • 04.04.2019 Донација на храна во социјално загрозено семејство
  • 04.04.2019 Учениците од САБА Куманово во посета на музејот на Куманово
  • 01-06.04.2019 Екскурзија Виена, Будимпешта
  • 01-07.04.2019 Две професорки по англиски јазик од САБА Скопје и САБА Битола беа на обука “Иновации, нови компетенции и учење надвор од училницата” во Соверато, Италија.

МАРТ 2019

  • 29.03.2019 Натпревар за најдобар бизнис тим од основните училишта од Битола, во организација на САБА Битола.
  • 29.03.2019 Ученици од САБА Штип ја посетија експозитурата на Шпаркасе банка во Штип.
  • 28.03.2019 Професорката по бизнис од САБА Скопје на дводневна обука за стручно образование од областа на социјалното претприемништво.
  • 28.03.2019 Ученичките Сара и Јана од САБА Скопје учествуваа на натпреварот “Европски квиз на парите” организиран од Народната банка.
  • 23-30.03.2019 Учениците Климентина и Кристијан од САБА Скопје поминаа една недела во Турција, каде што заедно со 50тина млади од Чешка, Грција, Бугарија, Турција и Португалија беа дел од Еразмус проектот за младинска размена.
  • 23.03.2019 Учество на натпреварите по англиски јазик ЕЛТАМ и Spelling Bee
  • 22.03.2019 Учениците од САБА Куманово беа на тродневен семинар во Тирана, во рамките на проектот “Поддршка за социјална инклузија на млади Роми преку неформално образование”
  • 21.03.2019 Учениците од САБА Битола, Штип и Куманово се вклучија во Trash challenge предизвикот и  со личен пример покажаа дека планетата треба да ја одржуваме чиста за да имаме иднина.
  • 13.03.2019 Професорката по правни науки од САБА Скопје беше на еднонеделен семинар во Рим каде заедно со 60 учесници од 12 Европски држави учествуваше со проектот “Generation Europe: young policy makers”
  • 11.03.2019 Четворица ученици од САБА со професорот по информатика учествуваа на Панел дискусија за развој и поддршка на талентирани деца, организирана од Фонд за иновации.
  • 11-15.03.2019 Реализирана пракса за учениците од трета година од САБА Скопје во компаниите: Издавачка куќа Нампрес, Винер осигурување, СН Брокер, Адвокат Кузмановски, Адвокат Анита Стојановска, Нотар Ванчо Андоновски.
  • 8.03.2019 На Меѓународниот ден на жената, учениците од САБА Битола изработија и подаруваа симболични подароци на случајни минувачки.
  • 03.03.2019 Учениците од САБА Битола учествуваа на панел дискусија која е завршен настан од шестмесечниот проектот “Тема за дилема” во кој беа активно вклучени. Проектот беше во организација на здружението Ганимед.
  • 01.03.2019 Учениците од САБА Куманово ја посетија изложбата “Архитектите за Куманово” во НУЦК Трајко Прокопиев.
  • 01.03.2019 Награда за најдобар проект “Ајде да се дружиме” на натпреварот за социјално претприемништво “Вклучи се за промена” организиран од организацијата ЛЕАД и поддржан од Агенцијата за млади и спорт. Идејата е на тим од 10 ученици од САБА Скопје

ФЕВРУАРИ 2019

  • 26.02.2019 Професорката по бизнис од САБА Скопје присуствуваше на обука за натпреварот Европски квиз на парите кој е во организација на Народната банка и Македонската банкарска асоцијација.
  • 20.02.2019 Остварена соработка помеѓу САБА Штип и организацијата “Youth on Board”
  • 16.02.2019 Дејана, ученичка во САБА Штип, започна да одржува часови по англиски јазик за деца и возрасни во Американското катче во Штип.
  • 16.02.2019 Дејана, Жанета, Анастасија, Марија и Даниел, ученици во САБА Штип се сретнаа со Американскиот амбасадор Џес Бејли и разговараа за иднината на нашата земја и нејзините можности.
  • 11.02.2019 Учениците од САБА Куманово ја посетија компанијата Аудитива.
  • 04.02.2019 Почеток на реализација на ИТ проектот “Систем за наводнување” со ученици од насока информатика, во САБА Скопје.

 

ЈАНУАРИ 2019

  • 30.01.2019 Еднодневна екскурзија на Пелистер за учениците од САБА Битола.
  • 28.01.2019 Учениците од САБА Куманово ја посетија експозитурата на Шпаркасе банка во Куманово.
  • 11-18.01.2019 Ученичките Каролина и Нина од САБА Штип поминаа една недела во Полска каде што учествуваа во Еразмус проекот “Are you ready for the change”

 

ДЕKEMВРИ 2018

  • 29.12.2018 Ученици од САБА Штип учествуваа на обука во Маврово, организирана од организацијата Хера.
  • 26.12.2018 Новогодишен хуманитарен настан – Тетарска претстава “Ние сме професори” и новогодишен базар на производи изработени од учениците од САБА Скопје.
  • 26.12.2018 Ученици од САБА Штип учествуваа во работилница од проектот “Стратешко планирање за развој на креативниот потенцијал во Источниот плански регион” во организација на кластер Креатив Штип.
  • 21.12.2018 Новогодишен хуманитарен настан (претстава, филм, продажба) подготвен од учениците од САБА Битола.
  • 18.12.2018 Учениците од САБА Штип во соработка со Заедницата на Хрватите Либертас Штип, подготвија и изведоа претстава по повод празникот Св. Никола.
  • 11.12.2018 Ученичката Каролина од САБА Штип учествуваше на седмата школа против говор на омраза организирана од организацијата ЦИД.
  • 10-16.12.2018 Двајца претставници од САБА Скопје беа на еднонеделна обука на тема тим билдинг во Барселона, Шпанија.
  • 10.12.2018 Награден конкурс “Во светот на информатиката” за сите деветтоодделенци во организација на САБА Куманово.
  • 07.12.2018 САБА Битола во соработка со ИТ компанијата InterWorks беа вклучени во акцијата за засадување садници со цел подобрување на животната средина во Битола.
  • 06.12.2018 Литературен конкурс за сите деветтоодделенци од Битола и околината во организација на САБА Битола
  • 03.12.2018 Се отвори дневниот центар Дружење без граници, центар за ученци со посебни образовни потреби од средните училишта од Скопје, кој функционира во рамките на училиштето САБА Скопје.

НОЕМВРИ 2018

  • 29.11.2018 Учениците од САБА Штип учествуваа на работилница “Организирани граѓан за организирана иднина”, проект поддржан од Шведската влада.
  • Од 26-ти до 30-ти ноември учениците од САБА Штип собираа облека кој ја донираа во Црвениот крст.
  • 27.11.2018 Ученичката Јана од САБА Штип го освои 5-то место на Меѓународниот гимнастички турнир во Благоевград, Бугарија.
  • 23.11.2018 Прво место за Јана Николова ученичка во САБА Штип на државното првентсво во гимнастика во категоријата јуниорки А лига.
  • 21.11.2018 Александра и Давид, ученици во САБА Куманово се активисти во Црвениот крст на Македонија, општинска организација Куманово.
  • 20.11.2018 Учениците од САБА Куманово во посета на изложбата Карпеста уметност Куманoво 2018.
  • 19.11.2018 Учениците од САБА Битола во посета на битолската филијала на ТИГО, финансиско друштво за краткорочни кредити на физички лица.
  • 14.11.2018 Ученици од САБА Штип ја посетија компанијата Фантастико Дооел, Свети Николе.
  • 12.11-23.11.2018 Бесплатен курс по графички дизајн за деветтоодделенци од Битола во организација на САБА Битола
  • 11.11.2018 Ученици од САБА Штип го посетија Меѓународниот славјански универзитет “Г.Р. Державин”.
  • 10.11.2018 Претставници на училиштето САБА Скопје учествуваа на Петтата меѓународна научна конференција „Современите менаџерски предизвици и организациските науки„. На конференцијата беше претставен наградениот проект на САБА „Систем за детекција на гасови„ како иновативен пристап во изучувањето на информатичките технологии.
  • 09.11.2018 Ученици од САБА Битола учествуваа на Еко обука “Иновации, креативност и бизнис во управувањето со опасниот отпад” во организација на БАС Битола.
  • 09.11.2018 Прва награда во категорија најдобар цитат за Мартин Маркоски и втора награда во категорија најдобар слоган за Елена Костадиновска, и двајцата ученици во САБА Битола
  • 07.11.2018 Пет ученици од САБА Битола учествуваа во неделата за медиумска писменост
  • 01.11.2018 Учениците од САБА Скопје во посета на Археолошкиот музеј.

ОКТОМВРИ 2019

  •  26.10.2019 Професорката по правни науки од САБА Скопје, беше една недела во Белгија каде што учествуваше на семинарот “Share experience, get inspired”
  • 26.10.2018 Ученици од САБА Скопје учествуваа на првенството во шах за млади од сите училишта од Скопје.
  • 24.10.2018 САБА Куманово е дел од интерконтиненталниот проект “Magic intercultural friendship network”.
  • 15-19.10.2018 Ученици од САБА Штип учествуваа во школата против говор на омраза во Крушево.
  • 19.10.2018 Учениците од САБА Битола во посета ја ИТ компанијата Cosmic Development.
  • 15.10.2018 Тимот од 5 ученици и двајца професори од САБА Скопје почнаа со реализација на иновативниот ИТ проект “Систем за детекција на гасови” кој беше награден на Предизвикот за млади истражувачи поддржан од Фонд за иновации.
  • 14-21.10.2018 Ученичката Елена Божиновска од САБА Скопје беше во Ѓаково, Хрватска каде што заедно со 40-тина млади од Македонија, Бугарија, Литванија, Грција, Хрватска и Чешка, учествуваше во Еразмус проектот “Equality”.
  • 06.10.2018 Тимот на САБА Скопје со проектот “Дружење без граници” е еден од победниците на UPSHIFT повикот за најдобра идеја за социјално претприемништво, организиран од CEED Hub Скопје, и поддржан од Фонд за иновации и УНИЦЕФ.
  • 04-06.10.2018 Учениците од училиштата САБА од Скопје и Битола имаа Спортски игри во Охрид и се натпреваруваа во фудбал, кошарка, пинг понг, пикадо, влечење јаже и куглање.
  • 04.10.2018 Ученици од САБА Битола во посета на Американското катче во Битола.
  • 04.10.2018 Ученици од САБА Битола во посета на ИТ компанијата Taskforce.
  • 02.10.2018 Ученици од САБА Битола учествуаа на Саемот за волонтеризам во организација на American corner Bitolа.
  • 01.10.2018 Остварена соработка помеѓу училиштето САБА Куманово и Национален ромски центар Куманово.

СЕПТЕМВРИ 2018

  • 27.09.2018 САБА Битола во посета на ИТ компанијата InterWorks.
  • 27.09.2018 Остварена соработка помеѓу училиштето САБА Скопје и невладините организаци EcoLogic и Крик за вклучување на учениците од САБА во нивните проекти.
  • 22.09.2018 Остварена соработка помеѓу училиштето САБА Битола и Здружението за развој на граѓанско образование и цивилно општество ГАНИМЕД Битола.
  • 19.09.2018 Потпишан Меморандум за соработка помеѓу училиштето САБА Куманово и Центар за интеркултурен дијалог ЦИД Куманово.
  • 14.09.2018 Остварена соработка на училиштето САБА Битола со невладините  организации Форум 16, YMCA Битола и Сфера.
  • 14.09.2018 Остварена соработка со компаниите Винер осигурување, СН Брокер, издавачка куќа Нампрес, информатичките компании Coretec, Veobit, 3P Development, издавачка куќа Просветно дело, OneVip, Solar Energy system, Arhicon design, Hunza Klub, Адвокат Кузмановски, Адвокт Анита Стојановска, Нотар Ванчо Андоновски, за реализирање на пракса за ученците од трета и четврта година од САБА Скопје.
  • 10.09.2018 Ученици од САБА Битола во посета на 9-то Меѓународно графичко триенале во Битола.
  • 24.08-02.09.2018 ученичките Ана и Меги од САБА Штип беа во Брашов, Романија каде што учествуваа во проектот “EUth ACTIVE”