Професори од САБА на обука во Атина

Од 16 до 20 јануари 2017 професори од САБА Скопје и САБА Штип учествуваа на еднонеделна обука во Атина на тема “Entrepreneurship, networking and communication”. 

На обуката учествуваа професори од Грција, Италија, Шпанија и Полска. За време на обуката професорите научија нови техники за вклучување на претприемништвото и комуникациите во наставата, како и за методи за развивање на личните способности како ја наставниците така и кај учениците.  

Целта на обуката беше да се поттикне претприемничкото и креативно размислување кај учениците. На обуката беа опфaтени техники за вежбање на претприемничките способности кај учениците со цел да се зголеми нивната самодоверба, а со тоа и да се подготват за нивно вработување во иднина. За време на оваа обука професорите добија насоки како да ги подготват учениците за комуникација во различни средини, посебно меѓу колеги и клиенти во нивната идна професија.

Обуката е дел од проектот “Е-бизнис” поддржан од Еразмус програмата.