Проект “Learning knows no bounds”

Во текот на учебната 2017/18 година училиштето САБА е партнер во Еразмус проектот “Learning knows no bounds”, проект чија цел е размена на искуства помеѓу училишта од неколку Европски држави (Македонија, Турција, Италија, Литванија и Романија) околу вклучувањето на учениците со посебни потреби во редовната настава.

  

Проектот започна со состанок на учесниците во Скопје во ноември 2017. За време на еднонеделниот престој во Скопје, учесниците (наставници од училипта од сите пет држави вклучени во овој проект) присуствуваа на неколку часови во САБА на кои се вклучени ученици со посебни потреби. Исто така го посетија основното училиште “Лазо Ангеловски” каде што стручната служба го претстави начинот на кој тие ги вклучуваат учениците со посебни потреби во нивното училиште. Учесниците го посетија и училиштето за деца со посебни потреби “Златан Сремец”.

  

Во текот на Јануари 2018 тројца професори од САБА, заедно со професори од другите земји учеснички, беа на еднонеделен престој во Дева, Романија, каде што имаа можност да се запознаат со нивните училишта и начинот на кој тие ги вклучуваат учениците со посебни потреби во наставата.

Проектот продолжува со посети во Италија, Романија и Турција.