Проект за спречување на булингот

Од 23-ти до 27-ми август 2021 училиштето САБА беше домаќин на професори од Турција,  Словенија и Бугарија кои заедно со професори од САБА имаа работилници на тема што е булинг и како да се спречи? Во текот на целата недела професорите работеа на развој на методи за успешно справување со врсничкото насилство, како и on line насилството, меѓу учениците во училиштата. Овие работилници во Скопје беа дел од Еразмус проектот
“Don’t be bully, be friend fully” кој се реализира во текот на 2019, 2020, 2021 и 2022 година во овие четири држави.

 
“Don’t be bully, be friend fully” е проект поддржан од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност и Европската комисија.