Проект за здрави навики кај младите

Во организација на Советот на млади од град Штип беше реализиран проектот за стекнување на здрави навики, кој е дел од Еразмус+ програмата. Ученици од Македонија, Шпанија и Финска се едуцираа како да ги практикуваат здравите навики за живот, здравата исхрана и спортувањето.

  

 

Учениците ги запознаа и културите на трите држави, музиката, носиите и храната. Каролина Трајковска, Елеонора Димитрова, Ристе Ристов, Димитри Ѓорѓиев Стефанија Ристова и Бојана Димчова се учениците од САБА Штип кои беа вклучени во овој проект.