Проект Еко Дизајн

Теодор и Сава од САБА Скопје и Кристина и Наталија од САБА Штип една недела во октомври 2017 беа во Закопане, Полска, каде што учествуваа во Еразмус проектот Еко Дизајн.

Заедно до 35 млади од Полска, Португалија, Шпанија, Хрватска и Македонија тие учествуваа во работилници за рециклирање. Целта на проектот беше младите да научат како може да се искористат потенцијалоте на различните материјали како хартија, пластика, метал , и со нивната креативност како да создадат нови производи.