Проект „Ајде да се дружиме„

“Ајде да се дружиме” е проект од областа на социјалното претпримеништво чија главна цел е отворање на центар за деца со посебни образовни потреби кои следат редовна настава во основните училишта во Скопје. Центарот им овозможува на голем број деца со посебни образовни потреби да доаѓаат и преку различни игри и методи на неформално образование да се запознаат меќу себе, да се социјализираат и да научат нешто ново.

Овој проект е награден на натпреварот за социјално претприемништво “Вклучи се за промена” организиран од организацијата ЛЕАД и поддржан од Агенцијата за млади и спорт. Целата идеја и организација на проектот е реализирана од 10 ученици од училиштето САБА од Скопје. Работилниците се одвиваат во попладневните часови во просториите на училиштето САБА.

 

 

Учеството на учениците во центарот е бесплатно. Повеќе информации и пријавување на:

072/209- 031 Елена

077/877-697 Христина