Новогодишна хуманитарна претстава

Учениците од САБА Скопје во текот на ноември и декември 2016 година подготвуваа новогодишна хуманитарна претстава.  

Целата претстава, сценарио, литературни творби, балетска точка, техничка поддршка, сценографија беше подготвено и реализирано од учениците од САБА Скопје.

Претставата се одржа на 28-ми декември во ТВ21, каде што покрај професорите, учениците, нивните родители, присуствуваа и многу други гости и медиуми. Со парите собрани од продажбата на билетите за претставата беа купени храна, играчки, средства за лична хигиена… и донирани во две социјално загрозени семејства од Скопје.