„Учење преку проекти и пракса„ е Еразмус проект преку кој 8 ученици од училиштата САБА од Скопје, Битола и Штип, од 17-ти ноември до 2-ти декември 2019 година беа на двонеделна пракса во Лајпциг, Германија. Учениците одеа на пракса во компании каде што имаа можност да видат како дигиталната технологија се применува во автомобилската индустрија.
Таму имаа можност да видат како информатиката се применува во автомобилската индустрија, да ја видат примената на ИТ во производството на паметни автомобили, интелигентно програмирање и технологии на иднината. Во автомобилските компании во овие држави учениците има можност да ги видат дигиталните системи кои се користат, роботи и интелигентно програмирање на автомобили. Во текот на двонеделната пракса учениците беа и во научна посета на автомобилските компании BMW и Porsche.
Целта на овој проект беше учениците да имаат Европска пракса, да стекнат работно искуство во светски компании, да го применат знаењето кое го стекнале на училиште во реална пракса, да стекнат многу нови вештини и знаење.
За време на двонеделниот престој во Германија, учениците има можност и да се запознаат со културата на државата, начинот на живот, храната, јазикот.
Елена Костадиновска, четврта година, САБА Битола
За време на двонеделниот престој во Лајпциг, Германија имав можност да научам многу за дигиталните системи кои се користат во автомобилските компании, роботи и интелигентното програмирање на автомобили.
Томи Милков, четврта година, САБА Скопје
Во Германија научив многу нови работи за роботиката, 3D печатењето, автомобилските делови и деловите на моторот на еден автомобил, како и некои лични вештини како менаџирање на своето време, одговорност, разрешување на проблеми и сл.
Иван Цекиќ, трета година, САБА Скопје
Најголем впечаток ми оставија работилницата со роботика во која програмиравме роботи и посетите на BMW и Porsche каде научивме за производството на нивните автомобили и примената на IT технологии.
Научив многу за роботската индустрија, 3D принтањето, составот на Porsche мотори, проектот ABSOLUT за автономно возење и производството на BMW и Porsche автомобили.
Меги Велкова, четврта година, САБА Штип
Голем впечаток ми оставија посетите на BMW и Porsche каде научив како тие работат во производството на автомобили, какви материјали користат и кој принцип на работа го применуваат.
Александар Тодов, четврта година, САБА Скопје
За време на работилниците во Германија сѐ ни беше убаво и детално објаснето од менторите. Најголем впечаток дефинитивно ми оставија научните посети на фабриките на Porsche и BMW, каде имавме можност да видиме како светски компании работат на своите проиводи и технологиите кои ги користат.
Мартин Маркоски, трета година, САБА Битола
Најголем впечаток со сигурност ми остави тимската работа и запознавањето со нови технологии од областа на информатиката и програмирањето.
Моника Тодорова, четврта година, САБА Штип
За време на праксата во Германија научив како функционираат и за што се користат 3Д принтерите, која е функцијата на секој дел во моторот на еден автомобил и како истите се конструирани во една функционална целина. Имав можност да видам како програмирањето се користи за управување машини со кои за кратко време се извршуваат комплексни задачи.
Сани Раданлиева, четврта година, САБА Скопје
Пред да заминам во Германија очекував да се соочам со самиот предизвик да се биде на пракса во странство, да се живее поинаков живот од нашиот овде во Македонија, да стекнам поголеми знаења од областа на технологијата и да се запознаам со германската култура и начин на живот. Секој дел од праксата беше важен и ни помогна да научиме многу работи од областа на технологијата кои до сега не сме ги сретнале.
Проектот „Учење преку проекти и пракса„ е поддржан од Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност и Европската комисија.