Пракса во Дрезден, Германија

Од 20-ти до 30-ти април 2026, 10 ученици од САБА беа на пракса во Дрезден, Германија. Таму работеа во компании од областа на бизнис, менаџмент и програмирање на роботи. Исто така имаа можност подобро да се запознаат со градот и германската култура, а ја посетија и фабриката за производство на автомобилите Volkswagen.

Ученичките од насока Бизнис и Право, Христина, Софија, Миа и Ева, работеа во канцелариите на WBS Training. Таму правеа истражувања и анализи на компании за идни проекти. Исто така креираа креативни постери за потребите на компанијата.
Учениците од насока Информатика, Никола, Марко, Димитар, Леонид, Иво и Андреј, работеа на изработка и програмирање на микроконтролери и роботи.
Овие две недели беа исполнети со многу нови искуства, нови знаења и вештини кои им отвораат нови можности на нашите ученици.
Праксата на учениците е дел од Еразмус акредитацијата на САБА за реализирање на пракси во Европа, поддржани од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност и Европската комисија.