14 години по ред на 1-ви септември им посакуваме среќен почетокот и успешна учебна година на сите ученици во САБА.
Оваа учебна година ја започнавме со тим билдинг активности во градскиот парк. Учениците од САБА поделени во групи имаа 8 задачи на 8 различни локации во паркот кои требаше да ги завршат во дадено време. Целиот ден беше исполнет со многу креативност, забава и дружење.


Најдобриот тим “Индијанци” најбрзо и најдобро ги заврши сите зададени задачи.

