Учениците од САБА Штип беа во посета на компанија ”Џонсон Контролс” во ТИРЗ во Штип. Учениците се запознаа со човечките ресурси, условите за работа, основните и обратни средства, примена на информатиката во процесот на производство, менаџирањето,ефикасноста и продуктивноста, залихи на материјали и готови производи и други аспекти од работењето на оваа компанија. Менаџерите им ја презентираа компанијата на учениците, која произведува тапацир и навлаки за седишта за автомобили за европскиот пазар.