Посета на Стопанска комора

Учениците од САБА Штип ја посетија Регионалната Стопанска комора со седиште во Штип. На учениците им беа презентирани активностите кои ги остварува најстарата и најбројната деловна асоцијација во земјава, организационата структура и начинот на работењето на нејзините облици и тела, како и услугите кои им ги нуди на компаниите.