“Подобрување на ефикасноста на соларните панели” е награден проект на училиштето САБА на натпреварот “Предизвик за млади истражувачи 2” организиран од Фонд за иновации и технолошки развој.
Училиштето САБА со својот тим од пет ученици и двајца професори втора година по ред ја освои награда за најиновативен проект. Целта на овој проект е да се пронајде начин за подобрување на ефикасноста на панелите, а со тоа да се зголеми производството на струја и истовремено да се зголеми долготрајноста при употребата на панелите. Тимот на ученици работи на овој систем кој се креира преку соодветна методологија на истражување, проектирање, поврзување и тестирање има за цел да прави мерење на надворешните фактори како што се температурата, струење на воздухот и релативната влажност, да ги процесира добиените параметри и соодветно да управува и регулира системи за ладење на соларните панели со помош на пумпи за водено распрскување. На овој начин се влијае врз процесот на прегревање на површината на фотоволтаиците и може да се обезбеди оптимален процес на работа со што ќе се зголеми ефикасноста во производството на електрична енергија.
Минатата учебна година училиштето САБА имаше награден проект и на натпреварот “Предизвик за млади истражувачи 1”. Проектот на САБА “Систем за детекција на гасови во работни простории” беше изработен од тим од двајца професори по информатички науки и пет ученици од прва, втора и трета година, кои учат на насоката информатика во САБА Скопје.