Обука “Значењето на ЕУ” во Португалија

Тројца претставници од САБА, од 30-ти септември до 4-ти октомври, беа во Леира, Португалија, каде имаа обука на тема “Значењето на ЕУ”. Оваа обука е во рамките на Jean Monnet проектот “Euro4VET”. На обуката имаше претставници од сите земји партнери во проектот, Финска, Шпанија, Португалија и Турција. На обуката беа опфатени теми за историјата и институциите на Европската унија. Обуката се одржуваше на Polytechnic Institute of Leira.

Материјалите од оваа обука ќе бидат искористени за креирање на курс за подобро запознавање со ЕУ, кој ќе се спроведува во секоја од партнерските држави. Курсот е наменет за ученици и студенти по правни науки кои го изучуваат правото на Европска Унија.