Научна конференција

Во ноември 2018 претставници на училиштето САБА учествуваа на Петтата меѓународна научна конференција „Современите менаџерски предизвици и организациските науки„. На конференцијата беше претставен наградениот проект на САБА „Систем за детекција на гасови„ како иновативен пристап во изучувањето на информатичките технологии. Овој проект на училиштето САБА беше награден како најиновативен проект на предизвикот за млади истражувачи поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој. Конференцијата која беше во организација на БАС Институтот за менаџмент од Битола ја следеа преставници од високо образовни институции од Македонија, Србија, Бугарија, како и претставници од бизнис секторот.