Награда за најдобар есеј

Елена Шалевска, ученичка во САБА Битола, ја доби третата награда за најдобар есеј по повод јубилејот – 50 години од славниот говор „Имам сон“ на Мартин Лутер Кинг. Организатор на натпреварот беше Универзитетот Американ колеџ-Скопје. Од 375 испратени есеи, стручно жири ги избра најдобрите есеи напишани на македонски и на англиски јазик. Тројца ученици од САБА Скопје и тројца од САБА Битола учествуваа на натпреварот со свои есеи.