Награда за истражувачки проект за соларни панели

Втора година по ред училиштето САБА има награден проект на натпреварот “Предизвик за млади истражувачи” организиран од Фонд за иновации и технолошки развој. “Подобрување на ефикасноста на соларни панели”е проект на учениците од САБА Скопје кој преку поврзување на знаењето од областа на информатика, електрониката, сензори, програмирање и слично, ќе се создаде еден систем кој има за цел да ја подобри ефикасноста на соларните панели.

Пет ученици од насоката Информатика заедно со двајца професори ќе работат на овој проект во текот на учебната 2019/20 година. Преку проектот ќе се докаже дека доколку се намали температурата на прегревање на фотоволтаичен панел на ниво определено за негово оптимално функционирање, тогаш се добива поголемо количество на произведена струја и истовремено се продолжува векот на траење на самиот панел. Намалувањето на температурата ќе го реализира соодветен микроконтролен систем кој ќе управува систем од мотори/пумпи за распрскување на вода врз база на добиени параметри од мерење на температура, влажност и струење на воздух во областа каде се поставени панелите.