Меморандум за соработка

На 08.02.2023 училиштето САБА Битола и ИТ компанијата и Академијата за јазици, програмирање, дизајн и човечки ресурси, “Анлимитед кодерс“ од Битола, потпишаа ексклузивен Меморандум за долгорочна соработка.

Потпишувањето на овој Меморандум значи дека учениците кои се запишани и учат во САБА Битола ќе имаат можност во трета и четврта година, својата практична настава да ја изведуваат во рамки на успешната фирма “Анлимитед кодерс“ Битола. Со тоа ќе градат искуство, работна навика, вештини и компетенции кои во иднина ќе ги направат квалитетни кадри коиби биле вреднувани и одлично платени на пазарот на трудот.

“Анлимитед кодерс“ Битола е локална компанија која несебично ги отвори вратите за младите затоа што искрено верува во нивниот потенцијал, го вреднува нивниот труд и работа, а со тоа инвестира во своите идни вработени.