Мартина Костадинова оваа учебна година 2020/21 е матурантка во САБА Скопје. Таа учи на правната насока. Своето високо образование планира да го продолжи во Словенија.
“Моето четиригодишно образование во САБА се години поминати кои никогаш нема да ги заборавам. Во текот на школувањето во САБА се соочив со многу предизвици, проекти, активности, хуманитарни настани кои ми помогнаа да се развијам како подобра личност. Искуствата кои што сум ги добив од училиштето се многубројни.
Секоја од насоките во САБА нуди безброј можности и предности, бидејќи сите часови се исполнети со многу истражувања, податоци, нови искуства и пракси кои помагаат за во иднина. Благодарение на професорите и часовите во САБА, во иднина се гледам како успешна без разлика која професија би ја одбрала поврзана со правото.”
Што те научи “САБА” во текот на овие 4 години?
“САБА овие години ме научи дека никогаш не треба да се откажувам од она што сум го замислила, дека секогаш има начин за нешто да се оствари, ме научи да бидам похрабра во донесување на одлуки, а воедно и да помагам на другите колку што можам.”
Твое искуство со некој проект/активност во кој си била вклучена во текот на школувањето во САБА?
”Како еден од многуте проекти во кои учествуваш за време на моето школување во САБА можам да го издвојам проектот “Дружење без граници”. Тоа е проект кој го започнавме со неколку мои соученици и професорката по право. Станува збор за инклузивен едукативен центар за ученици со посебни образовни потреби, каде со волонтери, професори од училиштето, стручни лица, а секако и ние учениците, одржувавме работилници каде преку разни игри за едукација и социјализација, учениците со посебни образови потреби имаа можност да поминуваат дел од нивното слободно време. Овој проект во 2018 година беше награден на Upshift натпреварот за социјално претрпиемништво. Во 2019 година со овој проект бевме и победници на Social Impact Award 2019 каде како награда добивме патување во Киев и присуство на работилници со сите победници на Social Impact Award од Европа. За време на работилниците во Киев научивме за лидерство, иновации и стратегии кои ќе ни помогнат како во развојот на нашиот центар, така и во секојдневниот живот.”