Креирање веб апликации во Дрезден, Германија

Зоран, Андреј, Мартин, Димитриј и Иван, ученици од насока информатика од САБА Скопје, Битола и Штип од 7-ми до 18-ти мај 2023 година беа на пракса во Дрезден, Германија. Таму имаа практична обука за програмирање на тема “Веб апликации”. Обуката беше спроведена од организацијата партнер во Германија, WBS Training.

За време на обуката учениците научија како да дојдат до идеја за апликација, дизајн на апликацијата и како потоа истата да ја програмираат. Темите кои беа опфатени за време на двонеделната пракса во Дрезден беа:

  • Development Environment and app idea
  • Development of interfaces
  • Android Programming
  • Databases
  • Multimedia Programming

“Секој ден за време на праксата во Дрезден имавме по 7-8 часа практични часови каде научивме многу за креирање на апликации. Научивме како да работиме со Android Studio и како да креираме апликации за андроид мобилни телефони”, вели Димитриј Питроповски, ученик во САБА Битола.

“Во WBS Training научивме многу за андроид апликации. За време на нашата пракса таму ние креиравме апликации за игри, фотографии, музика и многу други. Праксата беше навистина многу едукативна, но и забавна. Се надевам дека и во иднина ќе имам можност да бидам дел од вакви проекти”, вели Андреј Јовановски, матурант од САБА Скопје. “Стекнав многу нови знаења и искуства за тие две недели во Дрезден. Научив многу подобро да програмирам и стекнав вештини кои ќе можам да ги употребам во мојата идна професија.”

За време на праксата во Германија, учениците се запознаа и со германската култура и традиција, а освен Дрезден го посетија и Лајпциг.

Двонеделната пракса во Германија е дел од Еразмус акредитацијата на училиштето САБА, поддржана од Европската комисија и Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност.