Креативниот пат на учење математика и технологија

“The Journey of Learning from Data to Knowledge with Maths and Technology” или “Креативниот пат на учење математика и технологија“ е Еразмус проект преку кој 19 професори и 10 ученици од САБА ќе имаат можност да одат на еднонеделни обуки во  Турција, Латвија, Бугарија и Полска, во текот на учебната 2019/20 и 2020/2021 година.

Целта на овој проект е да се пронајдат нови методи на предавање и учење на математика, со цел да се збогатат наставните методи и техники. Преку овој проект професорите и учениците ќе споделуваат искуства помеѓу државите и ќе развијат нови математички идеи и апликации со цел полесно и покреативно изучување на математиката и технологијата.

Обуките ќе им помогнат на професорите да научат нови техники и методи на настава кои ќе ги применуваат во секојдневната настава. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со техниките и методите на учење математика во другите држави, како и да споделуваат идеи преку заеднички активности, изработка на проекти, презентации, развој на апликации итн.

За време на овој проект учесниците ке бидат поделени во 5 групи. Секоја група ќе помине еднонеделна обука во една од државите учеснички. За време на обуката професорите и учениците ќе имаат можност да се запознаат со образованието, културата и традицијата на таа држава.

Проектот е поддржан од Европската комисија и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.