На 26-ти и 27-ми март се одржа конференцијата “AI in education” – “Вештачката интелигенција во образованието”.
Двата дена беа исполнети со многу интересни теми и размислувања за вештачката интелигенција, што да очекуваме од неа, колку може да ни помогне во образованието и во кој правец го движи светот? На конференцијата присуствуваа професори од основни и средни училишта од Скопје.
Конференцијата беше завршен настан на проектот “AI4Good” кој САБА заедно со партнерите University of Economics Katowice од Полска и меѓународната компанија за професионална едукација ISACA од Ирска, го спроведуваа во текот на изминатата година.

