Од 9-ти до 13-ти декември 4 професори од САБА беа на конференција во Бирмингем, Англија. Конференцијата претставуваше почеток на проектот “School Business Alliance for the Digital Economy” кој е стратешко партнерство помеѓу образовни институции и стопански комори од Македонија, Словенија, Англија, Шпанија, Турција и Бугарија.
На конференцијата присуствуваа преставници од средни училишта и стопански комори од Словенија, Турција и Бугарија, како и претставници од Универзитетот Аston. На конференцијата се разгледуваа можностите за креирање на модел за поврзување на средните училишта со реалните бизниси, преку “open schooling” моделот на учење.