ИТ Проект – заштита од опасни гасови во воздухот

Загадувањето на воздухот е една од најактуелните теми во последно време кога е во прашање здравјето на луѓето и заштита од опасни болести. Тимот кој работеше на проектот составен од 5 ученици и двајца ментори изврши анализа на самата проблематика и ги комплетираше сите потребни податоци за креирање на проектна документација.

При анализите се увиде значењето за тоа колку е опасно вработените секојдневно да го вдушуваат воздухот кој е загаден со честици, дали вработените знаат колкаво е нивото на загаденост и што може да се направи за воздухот во работната околина да биде често прочистуван.

За креирање на самиот проект беше применета проектна методологија со проектен план.

Со цел заштита на здравјето на луѓето и обезбедување на чиста околина започнавме реализација на комплексен информатички систем кој ќе обезбеди автоматско управување со различни процеси.


Системот припаѓа на групата IoT (Internet of Things) системи. 

Креирањето на овој систем е подржано од”Фонд за иновации и технолошки развој – ФИТРhttp://www.fitr.mk/

Проектот е награден како најиновативно решение во рамки на проектот “Предизвик за млади истражувачи” на ФИТР.

Системот во својата суштина е сложено автоматско решение. Комплексноста се базира на поврзување на 5 технологии (хардверски и софтверски) и тука се темели неговата иновативност и тежина. Системот функционира без асистенција од човечки фактор, целосно самостојно како интелегентно решение.

По 6 месеци изработка во 2018-19год., проектот беше реализиран и претставен во јавноста на одделни настани. Претставувањето беше пред стручни лица од компании во Скопје, ученици и Универзитетски професори. Исто така, претставување на проектот се одржа во Битола и Штип.