Обука “ИТ во наставата” во Фиренца

Фиренца, Италија, Февруари 2016

Од 15-ти до 21-ви Февруари 2016 година, 5 професори од САБА Скопје, Битола и Штип беа на еднонеделна обука во Фиренца, Италија.

Обуката “ИТ во наставата” имаше цел да ги обучи професорите на новите ИТ технологии, социјални медиуми и веб апликации кои можат да се користат во секојдневната настава. Оваа обука беше дел од ERASMUS + проектот “Дигитални компетенции и знаење” кој е финансиран од Европската комисија и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Темата на обуката беше примена на информатиката и социјалните медиуми во наставата. Преку размена на искуства со колеги од Италија и Финска, професорите од САБА се стекнаа со нови знаења за компјутерските програми и апликации кои можат да се применуваат во секојдневната настава и со тоа да се направат часовите поинтерактивни и поинтересни за учениците. За време на еднонеделниот престој во Италија, покрај Фиренца, професорите ја посетија и Пиза.