Сара и Дебора, ученички од четврта година, од 5-ти до 30-ти Април ќе бидат во Италија, каде на Универзитетот за странци во Перуџа каде ќе го изучуваат италијанскиот јазик.
Благодарение на континуираната соработка на училиштето САБА со Ambasciata d’Italia in Skopje ученичките добија стипендии за да го поминат Април во Италија и да го изучуваат италијанскиот јазик.
Стипендиите доделени од Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Р.Италија се огромно признание за нас, но и поттик да продолжиме да ги мотивираме нашите ученици кон се поголеми лични и професионални успеси.

