Иновативни ИТ проекти

На насоката Информатика во САБА се опфатени најсовремените образовни програми и се изучуваат најактуелните области од информатичките технологии. Иновативните ИТ проекти се дел од секојдневната настава.

Еден од ИТ проектите кој оваа учебна година се развива во САБА е “Системот за детекција на опасни гасови во воздухот” и тој во себе вклучува примена на микроконтролери, сензорски мрежи, програмирање и сервери.

Проектите кои се работат во САБА вклучуваат имплементација на повеќе ИТ технологии, а со тоа овозможуваат стекнување на реално применливи знаења и компетенции.

Доколку технологијата е твојот интерес, стани и ти дел од нашиот тим. Научи да програмираш, да применуваш софистицирани електронски склопови и да работиш со напредни технологии во САБА.