“Запознавање на културите преку видеа”

“Learning cultures via cinema„ (Запознавање на културите преку видеа) е Erasmus+ проект со кој 16 ученици и 8 професори од САБА ќе имаат можност да учествуваат на едно неделни обуки во Грција, Португалија, Романија и Унгарија чија цел е да се ​​подобрат дигиталните компетенции и јазични вештини на учесниците преку создавање филмови; решавање на социјални проблеми; истакнување на сличности и разлики во културите и ставање акцент на основните вредности.

Преку овој проект учениците ќе:

  • ги подобрат вештините за снимање филм
  • развијат вештини за креативно и критичко мислење
  • развијат комуникациски вештини
  • работат во тимови
  • запознаат различни култури
  • го подобрат знаењето на англискиот јазик и да се здобијат со основно ниво на други јазици од земјите партнери во проектот

Проектот е поделен на четири дела на кои ќе работат партнерите од  Македонија, Грција, Турција, Унгарија, Португалија и Романија. По четворица ученици и двајца професори од секоја држава ќе учествуваат на четирите обуки:

  1. Грција – КРАТОК ФИЛМ СО ВЛИЈАНИЕ: Учениците ќе имаат работилници за содржината и пораката на филмовите, како и за фазите на креирање филмови.
  2. Португалија – СНИМАЊЕ КРАТКИ ФИЛМОВИ: Учениците ќе работат во мултикултурни тимови. На доделени теми ќе треба да да напишат сценарија со приказни и да направат краток филм.
  3. Романија – ЕДИТИРАЊЕ КРАТКИ ФИЛМОВИ: Учениците ќе учат да користат апликации за уредување на филмови, ќе работат во тимови каде ќе создаваат и уредуваат нови филмови.
  4. Унгарија – ЕВРОПА НЕ ОБЕДИНУВА: Учениците ќе создаваат филмови со карактеристики на секоја земја учесничка во проектот. Сите филмoви ќе бидат поврзани заедно под наслов „Европа не обединува“.

Проектот е поддржан од Европската комисија и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.