Во текот на 2016/17 година училиштето САБА го реализираше Еразмус+ проектот “Ефикасен училишен менаџмент”. Во рамките на овој проект, преставници на менаџментот на училиштето САБА учествуваа на две обуки на кои имаа можност да стекнат Европски искуства за менаџирање на училиштата.
Првата обука “Ефикасно менаџирање на училиштата во 21-от век” се одржа во Рига, Латвија, од 16 до 22 октомври 2016. За време на обуката беа опфатени теми од областа на проблемите со кои се соочуваат училиштата и како тие полесно да се надминат и соодветно да се решат. Учесниците се запознаа со нови техники за менаџирање на денешните училишта. На обуката имаше учесници од Романија, Чешка и Македонија.
Втората обука “Алатки за менаџери, професори и тренери” се одржа од 25-ти јуни до 2-ри јули 2017 во Болоња, Италија. На обуката имаше учесници од Македонија, Романија, Португалија и Полска. За време за обуката учесниците научија нови техники за менаџирање, комуникација, лидерство, јавно говорење. Исто така беа опфатени теми од областа на стрес и конфликт менаџмент.
“Двете обуки беа навистина ефикасни, не само за мене како учесник, туку и за нашето училиште. За време на обуките научивме многу нови техники за менаџирање на училиштата, за комунацијација меѓу вработените, работа во тимови, лидерство и тн. Обуките траат по една недела и секој ден е испланиран со разни активности и нови теми. За таа една недела се учат многу нови работи, се запознаваат многу колеги од другите Европски држави, се споделуваат искуства. Секако има и време да се запознае и градот и државата во која се одржува обуката и да се научат многу нови работи за нивниот живот и култура,” вели Ангела Неновска, координатор на проектот и учесник на обуките.