Од 1-ви до 7-ми Април 2019 професорките по англиски јазик Наташа од САБА Скопје и Љупка од САБА Битола беа на обука во Соверато, Италија. Во текот на оваа обука професорките се запознаа со нови иновативни методи на образование, тим билдинг активности и учење надвор од училницата. Професорите посетија и неколку училишта во Соверато каде што одржаа часови по англиски јазик и се запознаа со италијанскиот систем на образование. Обуката е во рамките на Erasmus проектот ”Building the best team”, поддржан од Европската комисија и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.






