Едукативен саем – Отворен ден

18-от роденден на САБА ќе го одбележиме со интересен Eдукативен саем и Отворен ден!Едукативниот саем ќе се одржи на 24.12 (среда) во Cowork 21, на ул. Македонија во два термини

11:00-14:00 часот

18:00-20:00 часот

На Саемот сите посетители ќе имаат можност да се запознаат со програмата и насоките во САБА, да учествуваат во работилници за роботика, програмирање, претприемништво, бизнис и право, да се запознаат со нашите ученици и професори, да ги видат сите наши проекти, награди, пракси, иновации, успешни ученици и задоволни родители.

На настанот ќе има многу изненадувања, подароци и награди за сите посетители.

Поканети сте сите! И ученици и родители!

Исто така, аплицирањето за стипендии ќе биде на денот на Едукативниот саем.

Потврдете го присуството на саемот на линкот 👇👇
https://forms.gle/3Dc79SJTmhWLUBp77