Бизнис средба во Американското катче во Штип

Учениците од САБА Штип присуствуваа во Американското Катче во Штип на бизнис средба организирана од страна на Цефе Македонија.

Целта на оваа бизнис средба беше да се презентираат видеа кои ќе ги претстават можностите за развивање на претприемничките вештини кај младите иноватори и како да се добијат финансии кои ќе им помогнат на младите луѓе да ги развијат своите бизнис идеи.