Активности во учебната 2024/25 година
10.05 Ева, Дебора и Олга ја претставија ученичката компанија “We care soaps” на натпреварот за ученички компании. We care е компанија основана од група ученици од САБА со цел да се креираат природни сапуни кои не само што се добри за кожата туку и за животната средина.
09.05 Во САБА го одбележавме Денот на Европа 9-ти Мај. На мапата на Европа учениците ги запишаа нивните размислувања кои се придобивките ако бидеме дел од Европската Унија. Оваа активност е дел од Jean Monnet проектот Euro4Vet
09.05 Дел од учениците кои го изучуваат италијанскиот јазик заедно со професорката Ирена ја посетија меѓународната изложба со наслов ,,Предизвик” во Мултимедијалниот центар ,,Мала станица”. Изложбата беше отворена со парчиња кои ги засведочија успесите на италијанските спортисти.
07.05 Mина, Марија и Тамара одлично ја претставија ученичката заедница на САБА на натпреварот “најГЛАСни”. Tие учествуваа на работилници преку кои стекнаа нови знаења и вештини кои ќе ги искористат за подобрување на работата на ученичката заедница на САБА. Нашиот тим беше еден од шесте финалисти, најГЛАСни ученички заедници од средните училишта од Македонија.
28.04 Во просториите на Europe House Skopje се одржа промоција на преводот од италијански на македонски јазик на романот ,,Солзотворец” од авторката Ерин Дум. На покана од преведувачот на романот, професорката Радица Никодиновска, на промоцијата присуствуваа и ученици од САБА, со професорките по македонски и италијански јазик.
12.04 Група ученици од САБА со професорката по право, беа во посета на Владата на РМ. За време на посетата учениците се запознаа со функционирањето на Владата и секторите во неа, а се сретнаа и со раководители на неколку сектори, советници на премиерот и национални координатори во одредени области. Учениците беа во свечената сала на Владата, салата за седници, медиа центарот и кабинетот на претседател на Владата.
09.04 Нашите ученици Сара, Олга, Дебора, Ева и Илија и професорката по бизнис Бојана, со нивната бизнис идеја We care soaps се едни од финалистите на Junior achievement натпреварот за зелени бизнис идеи, одржливи решенија и иновации.
05.04 140 ученици, 7 дена беа на пролетна екскурзија во 6 преубави градови: Милано, Ница, Кан, Сен Тропе, Монако и Загреб.
10.03 Нашите гости од Болоња заедно со учениците кои учат италијански јазик во САБА и студентите на италијанистика при Филолошкиот факултет во Скопје имаа многу интересна работилница за интеркултурна размена.
05.02 Денес САБА потпиша Меморандум за соработка со Општина Штип и Центарот за развој на источно-планскиот регион. Овие соработки ќе овозможат реализација на многу активности и проекти, како и практична настава за нашите ученици.
30.12 Одлично помина уште еден новогодишен хуманитарен базар. Креативни изработки, сонце, музика и убаво празнично расположение. Со дел од собраните средства беа купени производи за социјално загрозени семејства. Со останатите средства беа платени сметки за струја на семејства кои се пред исклучување преку платформата Ways2Help.
25.12 Најдобрите ученици од основните училишта беа во САБА каде што се натпреваруваа во знаењето од основното образование, но и со интересни тимски игри се дружеа и забавуваа. Најкреативните во игрите си добија интересни награди, а најдобрите во знаење добија стипендии за да го продолжат своето образование во САБА.
19.12 Денешниот празник Св. Никола беше новогодишен ден во САБА.
17.12 И оваа година нашите ученици изработија креативни новогодишни честитки. Честитките се продаваа со цел да се соберат средства со кои пред новогодишните празници им помогнавме на неколку социјално загрозени семејства.
12.12 Лизгање, дружење, спортување и забавување. Денешниот час по спорт беше на лизгалиште.
23.11 Од 20-ти до 22-ри ноември, две професорки од САБА учествуваа на обука за креирање на центри за извонредност во стручното образование. Како до подобра меѓународна соработка и интернационализација и кои се чекорите до извонредност во стручното образование беа дел од темите на оваа обука.
22.11 САБА учествуваше на Саемот на креативни индустрии каде САБА се претстави со два иновативни проекти. Едниот е систем за детекција за гасови во затворени простории, а другиот е систем за подобрување на ефикасноста на соларните панели. Двата проекти се креирани од нивните ученици од насока информатика за време на часовите по програмирање. Проектите се состојат од ардуино, сензори, микроконтролери.
15.11 Што се даноци и зошто треба да се плаќа данок? Претставници од УЈП одржаа час по фискална едукација на кој ја истакнаа важноста на даночната свест. Тие ги запознаа учениците со позитивните ефекти од плаќањето на даноците и нагласија дека секој данок кој се плаќа денес е дел од поголемиот систем кој обезбедува ресурси за подобар живот и поголеми можности за сите граѓани во иднина.
14.11 Со дел од нашите ученици присуствувавме на еден навистина инспиративен настан… Како од волонтер се стигнува до професионален успех? Една од говорничките беше нашата поранешна ученичка Елена Божиновска која уште за време на нејзините средношколски денови во САБА беше активно вклучена во разни волонтерски и хуманитарни активности. Потоа продолжи со нејзините хумани акции и за време на студиите, а неодамна магистрираше на менаџмент на Универзитетот во Рим. Нејзините менаџерски способности веќе ги применува во нејзината работа во Рим, како и во неколку организации во Скопје.

13.11 Учениците од четврта година, насока информатика, беа во посета на ИТ компанијата AXAPTA.
09.11 Во соработка со Startup Club Skopje го развиваме претприемничкиот дух на нашите ученици. Настанот го започна Огнен, еден од основачите на Startup club, со предавање за иновации, претприемништво и основање на startup компанија. Потоа слушнавме одлични презентации за 10 различни startup компании креирани од нашите ученици од четврта година.
31.10 Halloween Black & Orange day
30.10 Учениците од четврта година, во рамки на предметот Казнено право, го посетија Казнено Поправниот Дом Идризово. Таму тие ги посетија женското и машкото одделение од отворен и полуотворен карактер. Тие се запознаа со постапките за затворање на еден осуденик, со различни видови на осуденици како и со процесот на ресоцијализација пред пуштање на слобода.
15.10 Учениците од втора година, правна насока, го посетија Собранието на Македонија. Таму имаа можност да ја видат главната пленарна сала, Кристалната сала, Уставната сала и Охридската сала.
06.10 15-та година по ред го поддржуваме Skopski Maraton. Нашите ученици и беа волонтери и им помагаа на маратонците да стигнат до целта.
04.10 White Friday во САБА. Утре е Бела Ноќ во Скопје, а денес беше БЕЛ петок во САБА. Насмеани, сите во бело, го одбележавме и светскиот ден на насмевките
23.09 Европската недела на спортот (23-30.09) ја одбележавме со планинарење на Водно.
26.09 Денес, на Европскиот ден на јазиците, 26.09, група ученици од прва година кои започнаа да го изучуваат италијанскиот јазик како втор странски јазик, добија нови учебници Nuovissimo Progetto Italiano.
20.09 Еднодневна екскурзија за учениците од САБА Скопје и САБА Битола каде имаа можност да се запознаат со убавините на Крушево и да повторат малку за историјата на Македонија.

14.09 Денес имавме ден исполнет со интересни тим билдинг активности, натпреварување, но и заедничко дружење на професорите од САБА Скопје, Битола и Штип. Тие се забавуваа, но и научија многу нови алатки и активности кои ќе внесат креативност и интерактивност на часовите. Среќни професори создаваат успешни ученици. А сите заедно ја правиме САБА најдобриот избор за средно образование.
05.09 Каде сум сега, а каде сакам да бидам? Интересно предавање за стратегии за успешно градење кариера и личен развој, од Крсто Златков, менаџер за бизнис развој.
04.09 Новата учебна година ја започнавме со тимски игри во градскиот парк преку кои учевме за тимска работа, доверба …
